期刊论文详细信息
Journal of Contemporary Philology
Семантички формули за давање комплименти во македонскиот стандарден јазик
Виолета Јанушева1 
[1] Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет, Битола;
关键词: комплименти;    семантички формули;    структура;    тема;    македонски јазик;   
DOI  :  https://doi.org/10.37834/JCP2020077j
来源: DOAJ
【 摘 要 】

Овој труд има цел да ја испита синтаксичката структура на најчесто користените семантички формули за давање на комплименти во интеракциите на младата популација, најчесто употребуваните зборови во тие формули, како и темата на која се однесуваат, што претставува основа за да се согледаат сличностите и разликите меѓу македонскиот и другите светски јазици, како и неговите сопствени специфичности. Истражувањето е квалитативно и има описен дизајн. Корпусот го сочинуваат 1 000 семантички формули собрани преку лист во кој од 100 млади луѓе на возраст од 18 до 22 г. во РСМ се бара да наведат комплименти што ги употребуваат меѓу себе во своите секојдневни интеракции. Од методите за обработка на податоците и донесување заклучоци се употребуваат анализата, синтезата и споредбата. Резултатите од истражувањето покажуваат дека и во македонскиот јазик се употребуваат семантичките формули за давање комплименти што се забележани во другите современи јазици со структура на проста реченица, при што особеностите на македонскиот јазик се гледаат во засилувачите и можноста за нивна комбинација, како и во формулите со структура на именска група и сложена реченица.

【 授权许可】

Unknown   

  文献评价指标  
  下载次数:0次 浏览次数:0次